Teатар Куманово со ,,Хај Фај“ на овогодинешниот театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Во конкуренција за награди на годинашното 52. издание на Македонскиот театарски фестивал, „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, од 9 до 16 јуни ќе бидат 12 претстави.

Тоа се претставите „Тартиф“ од Молиер во режија на Галин Стоев во изведба на Македонскиот народен театар, „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир во режија на Наташа Поплавска на Драмскиот театар-Скопје,„Трудна приказна“ на Благица Секуловска во режија на Лидија Дедовиќ на Театар Комедија од Скопје. „Ана Комнена“ во режија на Ненад Витанов во изведба на Велешкиот театар, „Вечера на ронките“ во режија на Кендрим Ријани од Албанскиот театар­-Скопје, „Отело“ на Шекспир во режија на Деан Пројковски на Турскиот театар­ Скопје, „Лазаревото писмо“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на Народниот театар од Штип, „Злосторство и казна“ од Достоевски во режија на Диего де Бреа на Народниот театар од Битола, „Џон Габриел Боркман“ во режија на Горан Тренчовски на Народниот театар од Струмица, „Хај Фај“ на Горан Стефановски во режија на Јани Бојаџи во изведба на Народниот театар од Куманово, „Аналфабет“ во режија на Ѓорѓи Ризевски на Народниот театар од Охрид и „Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска во изведба на Народниот театар од Прилеп.

Театар Куманово со ,,Хи Фи“ ќе игра во конкуренција за наградите во 15 категории. 

Минатата година на фестивалот нашиот актер Марко Трајковиќ ја доби наградата за млад актер за улогата во претставата ,,Ревизор“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *