САЊА РУСЕСКА НАГРАДЕНА ВО ПРИЛЕП

Нашата актерка Сања Русеска на овогодинешниот фестивал ,,Војдан Чернодрински“  ја доби наградата за млада актерка. Фестивалот оваа година го имаше своето 52 издание во периодот од 9 до 16 јуни во Прилеп. 

Театар Куманово ја изведе претставата ,,Хај-фај“ од Горан Стефановски во режија на Јани Бојаџи. Сања Русеска ја игра улогата на Мира во оваа постава. 

За неа ова е прва награда, а за нашиот театар признание за силната актерска екипа и моќната актерска игра. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *