ПРЕМИЕРА ,,ИНТРИГА И ЉУБОВ“

Театар Куманово во среда на 7ми јуни најавува премиера на ,,Интрига и љубов“. 

“Интрига и љубов” Шилер ја пишува 1784 г. за да се пресмета со лажниот морал на аристократијата, во одбрана на слободата на поединецот. Таа е остра критика на тогашната владеачка класа и нејзините махинации со јасни политички пораки. Универзалната приказна ја следи чистата љубов на двајца млади од различни општествени слоеви чиј трагичен епилог е последица на манипулациите, трговијата со емоциите и слободата на поединецот. Таа е во рацете на бесрамни манипулатори кои тргувајќи со неа сакаат да обезбедат што повисока општествена позиција и материјална корист. Посегнувајќи по индивидуалната слобода тие всушност посегнуваат по нивните животи. Ова е претстава за украдените животи на генерации млади луѓе од страна на манипулатори во нивната бескомпромисна борба за власт. Драмата изобилува со силни романтични чувства на кои од денешен аспект сме склони да гледаме со потценување залажувајќи се себеси дека има нешто друго, поважно од љубовта. Токму тука доаѓаме до главниот мотив да се зафатам со овој текст – Љубовта како референтна точка од која треба да се промислуваат општеството и светот. (режисер Љупчо Ѓоргиевски)

Режија и адаптација: Љупчо Ѓоргиевски, според мотиви на Фридрих Шилер.

Сценографија – Валентин Светозарев 

Костимографија – Андреј Ѓоргиевски 

Актерска екипа: Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Горан Илиќ, Kети Дончевска Илиќ, Јордан Витанов, Антонио Димитриевски, Александра Пешевска, Мирослав Петковиќ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *