,,Бегај еве ја жена ти 2 (Па не баш)“ гостуваше во Велес

На сцената на новиот театар на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на 9ти мај многу успешен настап, награден со долг и силен аплауз доби актерската екипа на Кумановскиот театар со претставата комедијата „Бегај еве ја жена ти 2“ во режија на Коле Ангеловски.

Симона Тоскиќ драматур и продуцент на Кумановскио театар, оцени дека кумановскиот ансамбл е презадоволен од настапот на велешката театарска сцена и од одличниот прием на публиката.

Актерот Горан Илиќ кој го толкува главниот лик во претставата исто така изрази задоволство од одличниот прием на велешката публика.

-Првпат сум на оваа нова сцена, а сум играл со колегите од Велешкиот театар во 2000 и во 1997 година. Ова е комедија која првпат ја изведовме во октомври лани на затворањето на Деновите на комедијата во Куманово. Ова ни е 20. изведба и секогаш имаме публика. Но велешката публика е навикната на комедија и точно знае каде да се насмее, велешката публика е едуцирана и знае да чита помеѓу редови и затоа на крајот и беше така бурна реакцијата со ракоплескање, потенцира Илиќ.

Тој воедно смета дека во овие тмурни времиња на народот му се потребни комедии и малку повеќе смеа која ќе го оттргне од сивилото на секојдневието и депресијата.

-Комедијата е она што е најчовечкото во човека, бидејќи смењето е единственото што не разликува од животните. Посебно е интересно кога знаеме да бидеме автоиронични и да се смееме на сопствените мани, тоа е уште посмешно и почовечно, потенцира Илиќ.

Тој потсети дека ова е втор дел од истата комедија која првпат била изведна во 2004 година, а во која екипа освен тој останале да играат повторно уште и неговите колеги Илија Струмениковски и Дубравка Киселички. Тогаш во претставата мошне успешно играле и актерите Сашко Коцев, Роберт Ристов, Драгиша Димитриевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *