,,БЕГАЈ ЕВЕ ЈА ЖЕНА ТИ 2“ ГОСТУВА ВО СКОПЈЕ

Вечерва 23ти јуни со почеток од 21:00 часот, Театар Куманово со ,,Бегај еве ја жена ти 2 (Па не баш)” ќе учествува на фестивалот ,,Гола месечина“.

Овој интернационален фестивал на комедијата се оддржува во Спортски центар Ново Лисиче, а во периодот од 19ти до 26ти јуни ќе бидат одиграни седум претстави од земјата и регионот. Влезот е бесплатен. 

Претставата е во режија на Коле Ангеловски, а во Театар Куманово ја имаше својата премиера како дел од минатогодишниот фестивал ,,Денови на комедија 2016“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *